Белорусија немаше доволно сила, Хрватска слави злато во Скопје!

Хрватска одбојкарска репрезентација победи на фајнлфор-турнирот во Скопје, откако вечерва со 3-1 во сетови ја победија Белорусија.

Белорусите многу лошо го отворија натпреварот, па првиот сет го загубија со 16-25, а во следниот веднаш се вратија во игра, откако го освоија со 25-20 и израмнија на 1-1 во сетови.

Голема борба се водеше во третиот сет на натпреварот, се играше од поен за поен, а на крајот Хрватите беа подобри со 26-24.

И во последниот сет имаше жестока битка помеѓу одбојкарите на двете репрезентации, но Хрватите имаа поголема концентрација во финишот и на крајот го освоија четвртиот сет со 25-23, за конечни 3-1 во сетови.

Да потсетиме, Македонија играше претходно против Летонија и загуби со 3-1 во сетови, па го освои четвртото место.