Аргентина преку Италија до полуфинале во одбојка на ЛОИ во Токио

Аргентина ја победи Италија после пет сета во суперинтересен меч на одбојкарскиот олимписки турнир за да обезбеди полуфинале и борба за медал, со победата со 21-25, 25-23, 25-22, 14-25, 15-12.

Аргентина сега го чека победникот од послендиот четвртфинален меч помеѓу Полска и Франција за да дознае против кого ќе игра во второто полуфинале. Во првото ќе се соочар Русија и Бразил, кои утринава во три сета рутински ги победија Канада односно Јапонија.

Аргентинците покажаа дека имаат извонредна генерација која може да донесе медал, а само во четвртиот сет потфрлија и освоија само 14 поени, откако со пресврт стигнаа на сет до победа по водството на Италија, па двата освоени сета во низа.

Во решавачкиот петти сет, се играше безмалку поен за поен, а Италија на средина од истиот имаше најголеми два, кои Аргентинците ги стопија и при 9-10 со серија 3-0 направија прв исчекор кон победата и дојдоа на 12-10, па имаа и три предност 14-11 и веќе од втората меч топка стигнаа до победа.