Андонов: Оваа победа е можеби задоцнета, но успеавме во намерата!

Одбојкарите на Македонија ја забележаа првата победа на дебитантското Европско првенство, откако во Словенија славеа над Белорусија со 3-1.

По мечот свое видување за овој голем историски триумф даде Иван Андонов.

Ова еголема победа за нас. Ние се подготвувавме за ова, можеби е малку задоцнета, но успеавме да го добиеме мечот. Сите одигравме на ниво. Сега се фокусираме на утрешниот натпревар, тоа ќе биде тежок дуел, бидејќи словенија е еден од фаворитите за титулата. Но, ние секогаш играме добро против фаворитите, изјави по мечот Андонов.