Ужас: Бивш УФЦ-борец пронајден во ќелија со чаршаф околу вратот!
Бразилецот бил притворен поради обвинувања за семејно насилство врз сопругата, а против него беа поднесени и други кривични пријави.
Според обвинението, тој бил осомничен за киднапирање, физички напад и заканување на сведок, а неговиот случај наскоро требаше да се најде пред судот.
Американските медиуми пишуваат дека затворските чувари го пронашле поранешниот борец во ќелија со чаршаф околу вратот, по што докторите констатирале смрт.