УФЦ ја подготвува најсексапилната борба во историјата (ВИДЕО)

Пред две недели се одржа најголемата борба во историјата на УФЦ помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор, а сега организацијата работи на подготовка на најсексапилната битка помеѓу Рејчел Остович и Пејџ Ван Зант.

Станува збор за натпреварувачки кои привлекуваат поголемо внимание со фотографиите на Инстаграм, отколку со своите борби во рингот.

Остович има само две борби во УФЦ, а дури 300.000 фанови на Инстаграм.

„Многу луѓе ме прашуваат дали сакам да бидам манекенка или нешто друго, но мојот приоритет е ММА. Доколку се појави такво нешто во мојата кариера, секако ќе бидам заинтересирана, но во моментов ме интересира само борењето“, кажа Остович.