УФЦ-ѕвездата Конор Мекгрегор воодушевен што го запознал – Владимир Путин (ФОТО)

Ирската ултимеј-фајт ѕвезда Конор Мекгрегор беше дел од гостите кои вчеравечер во Москва беа дел од финалето на 21-то Светско првенство во Русија помеѓу Хрватска и Франција (2-4) на стадионот „Лужники“.

Покрај претседателите на Франција и Хрватска, Емануел Макрон и Колинда Грабар-Китаровиќ, меѓу специјалните гости беше и Мекгрегор, инаку повикан лично од претседателот на Русија, Владимир Путин. И Мекгрегор не го криеше воодушевувањето што се запознал со еден од најголемите светски лидери.

„Бев повикан на Светското фудбалско првенство како гостин од претседателот на Руската федерација Владимир Путин. Овој човек е еден од најголемите лидер во ова време и бев почестен на таков настан да присуствувам покрај него. Денеска ми беше чест. Ви Благодарам господине Путин и честитки за фантастичното Светско првенство“, објавил Мекгрегор.