Таткото на Нурмагомедов му прати порака на Мекгрегор (ФОТО)

Таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап денеска преку социјалната мрежа „Инстаграм“ му испрати порака на ирскиот чаламџија Конор Мекгрегор во кој посочи дека му простува за сè по хаосот што се случи во неделата наутро во Лас Вегас.

Нурмагомедов го натепа Мекгрегор, па победи со технички нокаут, но вистинскиот циркус почна откако Дагестанецот го прескокна октагонот и започна физичка пресметка со тренерите на Ирецот. Во гужвата во октагонот, пак, Мекгрегор влезе во клинч со тренерите на Хабиб. Причина за сето ова биле провокациите од Ирците, кои на секој начин се обидуваа претходно да го навредат Нурмагомедов, пред се на верска и национална основа.

Дагестанецот објави дека Мекгрегор го заслужил ќотекот поради навредите, па сега таткото на ултимејтфајтерот реши да ги смири страстите и упати порака до Ирецот.

„Му простувам на Конор Мекгрегор за сè во минатото. Ние ќе направиме анализа на сето тоа што се случуваше и ќе ја научиме лекцијата за ова повеќе да не се повтори“, напишал Абдулманап.