Спектакуларен пречек на Нурмагомедов во Дагестан и тоа на – преполн фудбалски стадион! (ВИДЕО)

Наместо да се извинува за хаосот што го направи по борбата против Колин Мекгрегор, кога излезе од октагонот и почна да се тепа со публиката, рускиот ултимејт-фајтер Хабиб Нурмагомедов продолжи со навредите на сметка на Ирецот.

На спектакуларниот пречек во родниот Дагестан, пред 10.000 френетични фанови на стадионот на фудбалскиот клуб Анжи од Махачкала, шампионот во УФЦ се обиде да го објасни гневот кој се таложел во него во пресрет на борбата во Лас Вегас.

„Го молев Господ само за една работа, а бидам оставен на само во рингот со кловнот од Ирска. Тоа го барав од него буквално секој ден. Се молев да немаме повреди, мерењето да мине без проблеми и конечно да нѐ заклучат во кафезот. Многу работи беа кажани пред пресметката поради што не можев да бидам одговорен за сопствените постапки во октагонот. Сакав да му ја покажам разликата помеѓу неговите и моите сфаќања и нацијата на која ѝ припаѓаме“, кажа Нурмагомедов.

Во продолжение тој посочи дека многумина мислат дека погрешил со постапките по мечот, но дека многумина го одобруваат тоа што го направи.

„Не можете да затворите орел во кафез и јас тоа им го покажав“, рече Хабиб и предизвика ерупција од одушевување од публиката.