Спектакл на повидок: Таткото на Хабиб ја постави цената за реванш со Мекгрегор

Претседателот на УФЦ, Дена Вајт најави дека Конор Мекгрегор ќе добие реванш против Хабиб Нурмагомедов.

Вајт тоа го порача откако Ирецот за 40 секунди во Лас Вегас го совлада Доналд Серон. Меѓутоа, таткото на Хабиб кажа дека ќе се бори син му само доколку УФЦ плати 100 милиони долари.

„И ние сакаме одмазда против Конор, но мора да ни платите 100 милиони долари. Ден по мечот со Фергусон подгответе ги парите и одиме на реванш“, кажа таткото на Хабиб.