Што му кажа Нурмагомедов на Мекгрегор додека го тепаше во рингот!?

По неколку месеци најави и жестоки коментари на противничка сметка, Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор конечно се сретнаа во рингот на УФЦ 229 во Лас Вегас.

Ирецот никогаш не се плашеше да го навредува својот противник кога ќе добиеше шанса, но последен се смееше Нурмагомедов.

Англиските медиуми откриваат еден интересен момент од втората рунда во бората, кога Хабиб имал порака за неговиот противник Мекгрегор.

„Ајде да зборуваме сега“, му кажал Хабиб.

Борбата заврши во четвртата рунда, откако Нурмагомедов победи со давење на својот противник и сега има 27 победи во кариерата.