Серон по поразот: Никогаш не сум видел такво нешто, Мекгрегор ме скрши!

Конор Мекгрегор го нокаутираше Доналд Серон во главната борба на УФЦ 246 настанот во Лас Вегас и тоа по само 40 секунди поминати во рингот.

Мекгрегор толку многу го претепа Серон, кој мораше да заврши на крајот во болница.

„Веднаш ме погоди во лицето, а потоа ме удри и со нога во глава. Никогашне сум видел такво нешто. Целосно ме исфрли од борбата. Ми го скрши носот, почнав да крварам. Не можев да се освестам дека може толку брзо да ме победи. Го сакам спортот и ќе продолжам да се борам“, кажа Серон.