Снимка од венчавката на Нурмагомедов - ја нема невестата! (ВИДЕО)

Приватниот живот на УФЦ-борецот Хабиб Нурмагомедов стана интересен на светските медиуми по победата против Конор Мекгрегор на УФЦ 229 во Лас Вегас.

Поради тоа што Хабиб е голем верник, за својот приватен живот не зборува речиси ништо и медиумите знаат многу малку, но очигледно тоа ги привлекува да го истражуваат.

На интернет се појави и видео од венчавката на Нурмагомедов од 2013. година, а неговата сопруга е исто така голем верник, па на венчавката се појави целосно покриена.