Роднината на Хабиб ја покажа повредата од ударот на Мекгрегор (ВИДЕО)

Вчера беше одржан спектаклот помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор, но вистински хаос се случи по борбата.

Хабиб го победи Мекгрегор со давење во четвртата рунда, а потоа го прескокна кафезот и се тепаше со членовите на тимот на Конор. Сепак, додека сите гледаа што се случува надвор, се создаде хаос и внатре откако Мекгрегор се степа со двајца членови на противничкиот тим.

УФЦ потоа објави дека членовите на тимот на Хабиб ќе бидат доживотно суспендирани, но потоа се појавија докази кои покажуваат дека Конор прв ја почнал пресметката.

По целата мешаница се огласи и роднината на Хабиб, Абубакар, кој беше во кафезот и покажа дека има повреда на лицето од ударот на Мекгрегор.

Видеото од повредата на роднината на Нурмагомедов може да го погледнете ТУКА.