Пристигна потврда од УФЦ: Хабиб и Конор повторно во октагонот во 2020 година!

Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор повторно ќе се најдат во октагонот во 2020 година. Оваа информација ја потврди и првиот човек на УФЦ, Дана Вајт.

Конор по една и пол година се враќа во кафезот, а силите прво ќе ги одмери со Доналд Церон, додека во април титулата ќе ја брани Дагестанецот на мечот против Тони Фергусон. Ако двајцата успешно ги надминат овие пречки, ќе можеме да ги видиме во нова пресметка.

Ако Конор го победи „Каубој“, и Хабиб својот ривал Тони, тогаш ќе гледаме реванш меѓу нив, потврди Дана Вајт за „БТ Спортс“.

Имено, Хабиб го победи Конор во борбата која беше одржана во октомври 2018 година, принудувајќи го Ирецот да се предаде во четвртата рунда.