Претседателот на УФЦ го потврди идниот противник на Нурмагомедов

Шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов го дозна името на неговиот нареден противник во УФЦ.

Дастин Поире со победата против Макс Холовеј обезбеди борба со шампионот Нурмагомеов, а тоа го потврди и претседателот на УФЦ, Дена Вајт.

„Да, тоа е идната борба. Поире ќе се бори против Хабиб, а тоа најверојатно ќе се случи во септември“, кажа Вајт.

Да потсетиме, Нурмагомедов во октомври минатата година го совлада Конор Мекгрегор.