Пресврт: Хабиб Нурмагомедов ќе се бори уште еднаш во УФЦ?

Неприкосновениот шампион Хабиб Нурмагомедов минатата недела после победата над Џастин Грејчи, емотивно најави пензија од ултимејтфајтот, но после само една седмица првиот човек на УФЦ, Дана Вајт најави – пресврт.

Вајт во интервју за американската мрежа „Си-Би-Ес“ најави дека веќе разговарал со Нурмагомедов и верува дека има големи шанси Дагестанецот да се премисли и да не замине во пензија, туку уште еднаш да се врати во октагонот и да ја исполни последната желба на неговиот покоен татко.

„Јас и Хабиб разговаравме. Тој беше многу емотивен после настанот (УФЦ 254 – н.з.), откако ја доби таа борба. Мислам, а и имам чувство дека ќе брка 30-0 (Хабиб има 29-0 во УФЦ после последниот триумф – н.з.). Мислам дека ќе се врати за уште една борба. Неговиот татко сакаше да стигне до 30-0 и мислам дека ќе му ја исполни таа желба“, вели Вајт.

Нурмагомедов после победата над Грејчи прсна во плач откако пред неколку месеци го загуби својот тренер и татко, кој почина од компликации од коронавирусот, па објави пензија зашто тоа ѝ го ветил на својата мајка, дека ова ќе му биде последна борба и дека нема мотив да се бори кога неговиот татко не е зад огратата на октагонот.

Но, ако Хабиб се премисли, тогаш најверојатно последната борба же му биде со Џорџ Сент Пјер, за кој и претходно најави дека е единствениот борец во УФЦ кој го возбудува за да се бори.