Пред три години беше на дното, а сега е светски шампион во УФЦ (ВИДЕО)

Полскиот ММА-борец, Јан Блашович стана светски шампион во полу-тешка категорија, откако во втората рунда го совлада Доминик Рејес на УФЦ 253 настанот, кој се одржа во Абу Даби.

Овие борци добија шанса да се борат за појасот, откако Џон Џонс на средината на август соопшти дека ќе оди една категорија напред, па се откажа од појасот кој го имаше од 2011 до 2015 година, како и од 2018 до денеска.

Првата рунда на борбата почна мирно, иако имаше по неколку жестоки удари. Сепак, во втората полскиот борец го нападна ривалот и со неколку агресивни удари го испрати на подот од рингот и притоа му го скрши носот.