Дастин Порие на спектакуларен начин го совлада Колин Мекгрегор во денешната борба на УФЦ 257 во Абу Даби, но по мечот тој не беше главната ѕвезда, туку тоа беше неговата сопруга Џоли, пред сѐ поради нејзиното бујно деколте.

Таа влета во октагонот за да му честита на Дастин на големата победа и тоа во тесен и деколтиран фустан, кој во преден план на камерите им ги „понуди“ нејзините гради, кои веднаш станаа топ тема на социјалните мрежи. Особено што во кадар влезе моментот кога таа си го местеше деколтето.

„Ова е последен пат што се сомневам во победата на мојот сопруг. Ветувам“, викаше Џоли про влегувањето во октагонот.

Таа со Дастин има четиригодишна ќерка по име Паркер-Ноел.