Поранешен УФЦ-борец откри: Хабиб ќе добие жестока казна!

Хабиб Нурмагомедов ќе биде жестоко казнет по случувањата по борбата против Конор Мекгрегор, откако го нападна тренерот на Ирецот, а од друга страна членовите на неговата екипа го нападнаа Конор.

Атлетската комисија на Невада на 24. октомври ќе има состанок за случајот, а според информациите на поренанешниот УФЦ-борец, Брендан Шауб, ќе следува голема казна за Нурмагомедов.

„Хабиб ќе биде жестоко казнет. Слушнав дека го очекува суспензија од 12 до 18 месеци. Ќе видиме, можеби Дена Вајт ќе направи некој магичен потег“, кажа Шауб.

Непоразениот шампион по победата против Мекгрегор добива понуди од сите страни и би можел наскоро да почне да настапува надвор од УФЦ.