Погледнете во империјата на Мекгрегор: Автомобили, јахти и еден куп пари!

Конор Мекгрегор дефинитивно е најголемиот УФЦ борец кога е во прашање заработувачката.

Покрај фактот дека тој е добро платен за секоја борба, заработува огромна сума на пари од својот приватен бизнис со продажба на виски, но добива и многу пари од спонзорите.

Во моментов, Конор тежи повеќе од 100 милиони фунти, така што ирската ММА sвезда може да си дозволи многу работи што обичниот човек не може.

Мекгрегор поседува огромен број луксузни автомобили, чија вкупна вредност надминува два и пол милиони фунти. Импресивната колекција на возила започнува со „Ролс Ројс Гост“ чија вредност е 237.000 фунти, а го поседува од 2016 година. Меѓу колекциите на марки на автомобили се и Врајт (253.000 фунти) Даун (285.000 фунти) и Фантом VIII (340.000 фунти).

Покрај богатата империја на автомобили, Мекгрегор поседува и јахта вредна три милиони фунти.