Почнаа провокациите: Менаџерот на Нурмагомедов му се „закани“ на Мекгрегор

Менаџерот на Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз испрати провокација до ирскиот борец Конор Мекгрегор, кој денеска славеше против Доналд Каубој Серон.

Претседателот на УФЦ, Дена Вајнт потврди дека работата за да се организира реванш меѓу Мекгрегор и Нурмагомедов, а Ирецот доби јасна порака од Абделазиз, кој му порача да не го споменува неговото име пред да биде понижен повторно.

Да потсетиме, Нурмагомедов во 2018 година го победи Мекгрегор, но во последно време се шпекулира често дека ќе се организира реванш.