Откриено зошто Нурмагомедов има различни уши (ФОТО)

УФЦ-борецот Хабиб Нурмагомедов во последните денови е најпопуларниот спортист во светот, а тоа се случи поради победата против Конор Мекгрегор.

Сепак, медиумите ги интересираше зошто десното уво на Хабиб му се разликува од левото.

Светската јавност ја интересираат сите детали од животот на Хабиб, па беше објаснето и зошто неговите уши се различни.

Десното уво на Хабиб се разликува по необичната структура на ткивото и тоа го имаат голем број борци поради шокот кој го предизвикува увото при борбата, а се јавува како последица на голем број примени удари.

Десното уво на Нурмагомедов е полно со крвни садови наместо коски, а ако дојде до рпекин на крвните садови, се запира протокот на крвта и може да дојде до инфекција.

Во најлоши случаи, таквиот проблем може да предизвика и губење на слухот.