Официјално соопштение на полицијата за инцидентите по мечот помеѓу Хабиб и Мекгрегор

Хабиб Нурмагомедов предизвика општ хаос во арената во Лас Вегас откако го совлада Конор Мекгрегор во УФЦ 229. Тој по победата го прескокна кафезот и тргна да се тепа со тренерот на неговиот противник. 

Тоа предизвика за општа тешпачка, а ситуацијата ја искористија двајца од таборот на Хабиб да влезат во октагонот и да го нападнат Мекгрегор. По инцидентите претседателот на УФЦ, Дејна Вајт соопшти дека три лица од тимот на Нурмагомедов биле приведени од полицијата во Лас Вегас и однесени во затвор.

Сепак властите велат дека никој не е задржан во полициска станица, ниту пак е покренато обвинение против некој од тимот на Дагестанецот.

„Полицајците асистираа во прекинот на неколку мали инциденти, кои се случија по саботната борба во УФЦ. Откако сите страни беа раздвоени, никој од инволвираните не сакаше да покрене тужба против другите, па затоа немаше никакво апсење“, се вели во соопштението на полицијата на Лас Вегас.