Нурмагомедов во голема дилема: Добил покана да замине од УФЦ!? (ФОТО)

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, доби интересна понуда за продолжување на кариерата.

Неверојатниот борец од Дагестан не е миленик на УФЦ, па наскоро би можел да замине, како што најави претходно и самиот.

Нурмагомедов доби голема популарност по победата против Конор Мекгрегор, но очигледно е подготвен да замине, откако добил покана од една друга организација.

Раководството на популарните кечери би сакале да го видат во својот тим, а Хабиб ги праша фановите што мислат за таквиот потег.

„Ме прашаа дали да им се приклучам. Што мислите за тоа?“, праша Нурмагомедов на Твитер.