Нурмагомедов суспендиран, но останува светски шампион!

Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов ќе остане шампион на УФЦ во лесна категорија, но ќе биде суспендиран, а суспензија му следи и на Конор Мекгрегор.

Спортската комисија на државата Невада му ги „замрзна“ двата милиони долари коишто требаше да ги добие како хонорар, а претстедателот на УФЦ, Дејна Вајт, вели дека Русинот ќе биде санкциониран поради нападот врз Дилон Денис.

„Тие го задржаа хонорарот на Хабиб. Мислам дека тоа не би требало да се случи и дека треба да земат 250 илјади долари. Хабиб секако ќе ја задржи титулата, иако ќе биде суспендиран. Суспензијата ќе трае четири до шест месеци, но титулата секако ќе остане негова“, изјави Вајт за ТМЗ спорт.

Бидејќи и Ирецот учествуваше во инцидентите по борбата, и тој ќе биде суспендиран, но таа суспензија ќе трае пократко. Ќе биде дел од стандардна процедура па Мекрегор нема да може во окатогонот еден месец.