Нурмагомедов се врати дома и прво што направи - гледаше како го натепа Мекгрегор (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор се пресметаа во една од најспекткуларните борби во УФЦ, а по мечот се случи вистински хаос.

Нурмагомедов ја одбрани титулата во лесна категорија, откако го победи Мекгрегор со давење во четвртата рунда.

Нурмагомедов не пропушти шанси да им „наплати“ на членовите на тимот на Конор, кои со месеци го навредуваа, па ја прескокна оградата и тргна да се тепа со нив.

УФЦ најави казна за Хабиб, а постои можност и да му ја одземат титулата поради скандалот во Лас Вегас.

Сепак, Нурмагомедов не е премногу загрижен поради тоа и реши да го „пецне“ Мекгрегор на социјалните мрежи.

Хабиб ги собрал најблиските пријатели во својот дом во Дагестан и заедно ја погледнале снимката од борбата на која го тепа Мекгрегор.