Нурмагомедов не сака да се бори до декември, па Вајт ќе подготви друг спектакл

Хабиб Нурмагомедов требаше да се бори против Тони Фергусон, но очигледно пресметката ќе биде одложена, а тоа го потврди и првиот човек на УФЦ, Дена Вајт.

Борецот од Дагестан во август ќе се врати по суспензијата, која ја доби поради случувањата со Конор Мекгрегор, која може да биде скратена само ако учествува во кампања против насилство.

Сепак, Нурмагомедов не сака да учествува во кампањата, а исто така не сака ниту да се бори до декември.

Вајт пред неколку дена кажа дека такво нешто не слушнал од Хабиб, туку од медиумите, но очигледно тоа го разбрал сериозно.

„Шампионот не може толку долго да седи и да чека. Ако е тоа вистина, тогаш мора да смислиме алтернативно решение, па тоа може да биде борба и меѓу Конор Мекгрегор и Фергусон“, кажа Вајт.