Нурмагомедов: Конор не можеше да ме погледне во очи - знаев дека ќе го скршам!

Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов ја доби епската борба во УФЦ против ирскиот чаламџија Конор Мекгрегор, па со најголеми почести беше пречекан во Русија од претседателот Владимир Путин, во родната Махачкала, па во Чеченија... Нурмагомедов стана херој и ја задржа непобедливата серија од 27 триумфи по ред во ултимејт-фајт верзијата.

Хабиб во октагонот го суреди Мекгрегор, триумфираше со технички нокаут во четвртата рунда, а потоа скокна од октагонот и направи хаос, тепајќи се со тренерите на Ирецот, гневен затоа што пред борбата го навредувале него, неговата религија, семејството и Русија. Нурмагомедов сега откри дека уште пред борбата знаел дека ќе победи од една причина.

„Човек може сè да каже, но кога ќе дојдете лице в лице и кога ќе ве погледне во очи, всушност знаете што се случува. Конор глумеше дека ме гледа во очи, а јас сфатив дека ме гледа помеѓу нив. Не ме гледаше во очи, зошто беше скршен“, вели Нурмагомедов.

Тој на својот брат веднаш му најавил дека ќе го претепа ривалот.

„Кога го видов во каква состојба влезе во рингот, му кажав на мојот брат дека е веќе готов. Брат ми ми порача да не размислувам на тоа, туку да се сконцентрирам на борбата“, посочи Нурмагомедов.