Нурмагомедов ќе добие жестока казна за хаосот со Мекгрегор во Лас Вегас!

Казните за УФЦ-ѕвездите Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов требаше да бидат соопштени на почетокот на декември, но тие бараа да се одложи тоа.

Во изјава за медиумите, таткото на Хабиб случајно откри дека казната ќе биде жестока и дека веќе биле договорена должината на суспензијата и паричнат аказна.

„Не знам на каков начин ќе завши ова. Колку што знам јас, ќе добиеме половина милиони долари казна и Хабиб најверојатно нема да може да се бори девет месеци. Ова никогаш не смееше да се случи, но се надеваме на светла иднина наскоро“, кажа таткото на УФЦ-шампионот во лесна категорија.

Дагестанецот сака да се бори со легендарниот боксер Флојд Мејведер. Хабиб го предизвика американскиот боксер, кој е подготвен да се согласи на  понудата за меч, која на двајцата би им донела десетина милиони долари.

Ако навистина биде казнет Нурмагомедов, тогаш борбата со Мејведер ќе биде закажана, а наводно ќе се пресметаат во мај.

Хабиб уште не е поразен во ММА-кариерата. Иако боксот му е слаба страна против ирскиот борец Мекгрегор покажа дека напредува и во тој дел.