Нурмагомедов испрати нови провокациии до Мекгрегор

Хабиб Нурмагомедов го претепа Конор Мекгрегор на УФЦ 229 во Лас Вегас, па од тогаш се наоѓа во центар на внимание, а денеска повторно испрати провокации до ирскиот борец.

Дагестанецот ќе остане запаметен по скандалот по борбата, откако ја скокна оградата и почна да се тепа со тренерот на Мекрегор.

Страстите се смирија малку, па таткото на дагестанскиот борец реши да го покани Ирецот да им биде гостин на турнирот, кој се одржува во декември, а тоа го потврди и Хабиб, кој испрати нови провокации за Мекгрегор.

„Ние мора да ги дочекаме нашите гости најдобро што можеме, зашто Дагестан е познат по тоа. Ако дојде Конор, тогаш ќе го пречекаме најдобро што може. Нашите гости никогаш не се гладни. Можеби ќе му ја покажеме и нашата сала за борење, зашто очигледно Мекгрегор не знае да се бори“, порача Хабиб.