Нурмагомедов исмејувал бездомници среде Њујорк (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов успеа да го победи Конор Мекгрегор во спектакуларната борба на УФЦ 229 во Лас Вегас и така ја одбрани неговата титула во лесна категорија.

Сепак, по победата на Хабиб следуваше вистински скандал, откако тој го нападна тренерот на Мекгрегор, а Ирецот во рингот се пресметуваше со двајца пријатели на Нурмагомедов.

Без разлика на тоа, светските медиуми покажаа дека Нурмагомедов не бил ниту во минатото „цвеќе за мирисање“, откако во Њујорк натерал двајца бездомници да прават склекови на улица за да им даде пари.

Ова видео предизвика премногу критики на сметка на Нурмагомедов, кои дефинитивно нема уште долго да престанат да стигнуваат на негова адреса.