Нурмагомедов го предизвикува Мејведер: Во оваа џунгла има место за еден крал! (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов остана без чекот од два милиони долари по победата над Конор Мекгрегор во УФЦ 229 поради тоа што направи општа тепачка во Лас Вегас. Тој ја прескокна оградата од рингот и тргна да се тепа со тренерот на неговиот противник.

УФЦ веднаш го казни и не му го предаде чекот од два милиони долари. Очигледно Дагестанецот сака да заработи некоја пара додека е во очите на јавноста па реши да го предизвика Флојд Мејведер. По ланската борба помеѓу Мејведер и Мекгрегор, двајцата борци заработија неверојатно богатство со кое се обезбедија за цел живот и неколку поколенија по нив.

„Ајде да се бориме! 50-0 против 27-0. Двајцата никогаш не сме загубиле, зошто да не? Ајде! Во оваа џунгла има место само за еден крал. Тој не можеше да го сруши Мекгрегор, а јас го направив тоа многу лесно“, вели Нурмагомедов.