Нов циркуз во најава: Мекгрегор ќе организира борба помеѓу Џастин Бибер и Том Круз?

Мешаните боречки вештини (ММА) наскоро може да стане спорт како „американските кечери“, кои се чиста театралност. Популарниот поп пејач Џастин Бибер преку „Твитер“ го предизвика на борба легендарниот актер Том Круз. 

Во предизвикот за кратко се приклучи и Конор Мекгрегор, кој очигледно повеќе му е до публицитет отколку вистински спорт.

„Сакам да го предизвика Том Круз на борба во октагон. Том ако не го прифатиш овој предизвик тогаш си исплашен и никогаш нема да можеш да се извлечеш од тоа. Кој сака да ја организира оваа борба. Дена Вајт (претседател на УФЦ)?“, напиша Бибер на „Твитер“.

Веднаш се јави и Мекгрегор кој сака да ја организира и спонзорира борбата.

„Ако Том Круз е доволно маж да ја прифати борбата. Мекгрегор спортс и ентертејмент ќе ја организираат борбата. Дали Круз има тоа што е потребно за борба како во неговите филмови? Ќе дознаете наскоро“, напиша Мекгрегор.