Наследникот на Хабиб се презива – Нурмагомедов (ФОТО)

Еден од најголемите шампиони во историјата на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, по објавената пензија, но и можност за уште една последна борба, што би била по желба на неговиот починат татко, реши во исто време да го промовира својот наследник.

Станува збор за 23-годишниот Усман Нурмагомедов, кој има исто презиме како и првакот со оглед што е него братучед, кој заедно со двајцата браќа, Абубакар и Умар, е дел од академијата која Хабиб ја почна со својот татко. Тој веќе има скор 11-0, што можеби делува застрашувачки, но мора да се нагласи дека досега нема елитен противник.

„Усман е помодерна верзија од Хабиб, чија кариера ја водат истите луѓе, а кои се оптимисти бидејќи тој не само што ги поседува истите квалитети како шампионот, туку паралелно е и специјалист за мау-таи. Усман е убиец, има техника на удар, мајстор е за џиу-џитсу, користи и удари од мау-таи вештината. Тој е комбинација од Хабиб, Џон Џонс и Израел Адесанје“, изјави менаџерот Али Абделазиз пред неколку месеци.

Колку и да го фалат, пред Усман, сепак, е долг пат да наследи Хабиб, бидејќи вистинските предизвици за него допрва следат.