Напаѓачот на Мекгрегор се пофали: Му „наплатив“ за неговите зборови! (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов е победник во најголемата борба во УФЦ-историјата по доминантниот настап во кој беше подобар од Конор Мекгрегор.

Борбата заврши во четвртата рунда со давење, а по крајот на мечот се создаде вистински хаос.

Американските медиуми откриваат дека еден роднина на Хабиб добил тешки повреди од Конор, но тоа потоа го „наплати“ Зубаир Тухугов, кој го нападна Мекгрегор.

„Го удрив како што ветив. Кажав дека ќе одговара за своите зборови и тоа го направив“, кажа Тухугов.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

На заметку многим !

A post shared by Fan Page🌐 Khabib Nurmagomedov (@teamkhabib_nurmagomedov) on