Мекрегор ги шокира фановите: Момци, заминувам во пензија!

Само неколку дена откако во алкохолизирана состојба јавно бараше реванш-пресметка со Хабиб Нурмагомедов, контроверзниот ирски борец во мешани борешки вештини (ММА), Конор Мекгрегор, неочекувано објави дека заминува во – пензија.

Тој потенцира дека нема намера повеќе да влезе во октагонот.

„Здраво момци, само кусо соопштение од мене. Донесов одлука да се повлечам од спортот наречен ММА. Им посакувам на поранешните колеги да продолжат со добри борби“, изјави Мекгрегор.

Зад 30-годишниот Ирец се 25 борби во кои оствари 21 победа. Тој вакво соопштение за пензионирање имаше и во 2016 година по поразот од Нејт Диаз, но набрзо се премисли, нешто што јавноста очекува да се случи и овој пат.