Мекгрегор доби навреди и пцовки пред борбата со Серон: Ти си пи*ка... (ФОТО)

Конор Мекгрегор имаше успешен кам-бек во УФЦ, откако успеа да слави против Доналд „Каубој“ Серон за само 40 секунди, но интересна ситуација се случи пред борбата.

На профилот на шампионот во велтер категорија Камару Усман се појавија неколку коментари со навредлива содржина на сметка на Ирецот, но потоа беше откриено дека неговиот профил бил хакиран.

„Конор Мекгрегор е пи*ка, ќе ти ја е*ам жената откако ќе те претепам“, беше само една од пораките.

И претседателот на УФЦ, Дена Вајт потврди на прес-конференцијата дека станува збор за хакиран профил и му порача на Мекгрегор да не одговара на пораките.