Мекгрегор со „нелегален“ потег го разбесни Нурмагомедов (ВИДЕО)

Вчера се одржа долгоочекуваната борба помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор на УФЦ 229 во Лас Вегас, а на крајот Ирецот загуби со давење во четвртата рунда од пресметката.

По нивната борба се создаде вистински хаос, откако Нурмагомедов тргна да се пресмета со тренерот на Мекгрегор, па мораше да интервентира и полицијата.

Во еден момент од битката Мекгрегор испратил „нелегален“ удар со коленото во глава на Нурмагобедов, додека Хабиб бил на подот.

Хабиб се налутил и му рекол на судијата дека ова му е третпат на Мекгрегор како прави сличен потег.

Коментаторот и УФЦ-борец, Доминик Круз, кажа дека потегот е „нелегален“, но судијата Херб Дин не го казни Мекгрегор.

Ирецот успеа дури да ја освои третата рунда според гласовите на судиите, а тоа беше прва загубена рунда за Хабиб во кариерата.

Но, Хабиб се налули поради потезите на Мекгрегор, па во четвртата рунда успеа да го победи поротивникот.

„Јас немам видено никој досега да направи толку голема грешка во живот. Хабиб се бореше фантастично, дури и го победи Мекгрегор во четвртата рунда. Тој имаше достоинство цела недела, а потоа уништи сè. Си ја уништи репутацијата, а можеби и титулата во лесна категорија, а сигурно ќе добие и кривични пријави“, кажа поранешниот УФЦ-шампион, Мајкл Биспинг.