Мекгрегор се појави со виски на прес: Секоја будала може да ми биде следен противник!

Контроверзниот борец Конор Мекгрегор спектакуларно се врати во рингот откако успеа да го нокаутира Каубој Серон за само 40 секунди, а тоа беше негова прва борба од октомври 2018 година.

Мекгрегор изгледаше одлично во мечот, а на прес-конференцијата се појави со шише виски и зборуваше за следниот можен противник.

„Ми се допаѓа велтер категоријата и сакам да менувам дивизии. Навистина се чувствував добро. Во форма сум, но морам да работам уште повеќе за да го вратам нивото на кое бев пред паузата. Секоја од овие будали кои го гледаа мечот може да добие дуел. Буквално секој, мене не ми е важно, дури и оваа будала што седи на масава“, кажа Ирецот, а притоа мислеше на Пол Фелдер, борец кој во моментов работи како коментатор и претходно го критикуваше Мекгрегор.