Мекгрегор откри зошто загубил од Нурмагомедов (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во УФЦ, Конор Мекгрегор кажа дека пред борбата со Хабиб Нурмагомедов го скршил стапалото.

Мекгрегор минатиот октомври во Лас Вегас загуби од Нурмагомедов на УФЦ 229 настанот, на враќање во рингот по долгата пауза.

По борбата Мекгрегор кажа дека во најважните моменти грешел и дека Нурмагомедов чесно победил, но денеска откри дека имал здравствени проблеми.

„Го скршив стапалото три недели пред борбата“, вели Мекгрегор.

Ирецот на 26 март објави дека се пензионира од УФЦ, но неодамна соопшти дека би можел да се врати и да го предизвика Нурмагомедов на нова борба.