Мекгрегор му се нафрли на Хабиб: Дојдов да го замолчам овој стаорец! (ВИДЕО)

Не само вљубениците во боречките вештини, туку и пошироката светска јавност со нетрпение ќе ја чека пресметката меѓу Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов, на 6 октомври. Дека ќе биде жешко, покажа и синоќешното нивно соочување на прес-конференција.

Не само вљубениците во боречките вештини, туку и пошироката светска јавност со нетрпение ќе ја чека пресметката меѓу Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов, на 6 октомври. Дека ќе биде жешко, покажа и синоќешното нивно соочување на прес-конференција.

Мекгрегор се врати по суспензијата и долгата неактивност, па ќе го предизвика Нурмагомедов, кој стана шампион во април. Сепак, нивната меѓусебна нетрпеливост се проширува и надвор од октагонот во инцидентот кога Мекгрегор нападна автобус во кој се возеше Нурмагомедов.

Сега го проучил добро својот ривал, па на прес-конференцијата му префрлаше за конекциите со рускиот олигарх Зијавудин Магомедов и чеченскиот диктатор Рамзан Кадиров.

„Се вратив за љубовта кон борењето, но и за да го замолчам овој човек, овој стаорец и кукавица со стаклени вилици“, рече, меѓу другото, Мекгрегор.

Претходно Хабиб му имаше напишано на Твитер „само дај ми локација и ќе дојдам ќе те здробам“, па Мекгрегор скокна и му рече „еве ти локација, тука сум сега“.

Надвикувањето продолжи и надвор од конференцискиот панел, каде што се наоѓапе менаџерот на Нурмагомедов, Али Албедазиз, па си го доби и тој од широката уста на Конор.

„Затвори ја муцката Али Албедазис. Замолчи ти кодошу на терористи! Те знам и тебе луд човеку, знам добро за тебе. Да си ја затнеш устата. Како е Ноа? Замолчи и никогаш повеќе да не ми зборуваш“, рече Мекгрегор.

Целата работа со Албедазис е што бил плаќан како информатор на њујоршката полиција во врска со некои терористички групи. А Ноа, пак, бил син, кого Али го напуштил во Колорадо, токму кога почнал да работи за њујоршката полиција.

Сето ова кажува дека Мекгрегор добро си ја сработил домашната задача за борбата и едвај чека да дојде 6 октомври и да се пресметаат со Хабиб.