Конор Мекгрегор од борбата со Флојд Мејведер минатата година заработи неверојатно богатство, па парите не му се проблем. Тој откако во саботата загуби и од Хабиб Нурмагомедов во УФЦ 229 реши својата тага да ја „удави“ во Шпанија. 

Ирецот летово купи луксузна вила во познатото туристичко место Марбелја. Тој плати 13 милион фунти за прекрасната вила во која ќе се обиде да ја поврати самодовербата и да заборави на поразот од Хабиб. Во ваков луксуз веројатно е доста лесно да заборавиш на проблемите.