Ирскиот ултимејтфајтер Конор Мекгрегор по лудилото во Лас Вегас и поразот од Хабиб Нурмагомедов, се врати на својата „пи-ар стратегија“, за создавање нови пријателства, па во Бостон се дружеше со пожарникарите и им подари – вредни подароци.

Мекгрегор на пожарникарите им доставил од своето виски и им дал десет влезници за светската серија на Бостон Ред Сокс во бејзбол, што предизвикало воодушевување кај пожарникарите. Бостон првпат игра во светската серија (плејоф) по 2013 година. Плус најавил дека ќе добира по пет долари од секое продадено шише од своето виски.

Мекгрегор по поразот од Нурмагомедов побара реванш со Дагестанецот, а за посетата на пожарникарите во Бостон, рекол дека сака да им се оддолжи на момците кои постојано се ставаат во опасност за да им омогнат на другите.