Мекгрегор е човек со големо срце: Борецот гради домови за сиромашни семејства!

Конор Мекгрегор во Даблин гради домови за осум семејства, кои во моментов живеат по хотели. Ирскиот борец доаѓа од работничко семејство, а сега кога има милиони, реши да им помага на другите луѓе.

Мекгрегор во текот на кариерата освои многу милиони евра, а сега се сети на тие кои им е потребна најголема помош.

Во моментов се градат домовите, а фотографиите од градилиштето ги објави на својот Инстаграм профил.

Да потсетиме, Ирецот пред неколку години работеше како водоинсталатер во предградие на Даблин, а денеска е еден од најбогатите спортисти.