Мекгрегор доби забрана од еден месец да се бори во УФЦ

Ирскиот ултимејтфајтер Конор Мекгрегор, доби добар ќотек од Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов и со технички нокаут ја загуби големата битка доби еден месец забрана од УФЦ.

Додека се чека одлуката за евентуална суспензија на Нурмагомедов, откако направи вистински хаос откако скокна од октагонот за да се пресмета во првите редови од публиката. Но, за почеток Мекгрегор добива „суспензија“ и тоа од лекарскиот тим на УФЦ.

По прегледите што му ги направиле, било констатирано дека Хабиб му нанел сериозни повреди и поради тоа ќе мора да паузира во следните месец дена и да нема никакви борби. Сега се очекува Мекгрегор да добие и други казни поради учеството во хаосот по борбата, но оваа пауза сигурно ќе му биде добредојдена зошто до 28 октомври тој нема никакви борби, а потоа му истекува договорот со УФЦ.