Мејведер со свое мислење за инцидентот по борбата на Хабиб и Мекгрегор

Флојд Мејведер го победи Конор МекГрегор во бокс спектаклот кој беше во центарот на вниманието минатата година, а непоразениот шампион сега излезе со свој коментар за најактуелната борба која предизвика безброј реакции во изминативе неколку дена.

Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор со давење во четвртата рунда на УФЦ 229 во Лас Вегас, а во центар на внимание беше скандалот кој се случи по борбата.

Реакции за целиот хаос пристигнуваат од сите страни, а свој став за тоа имаше и поранешниот противник на Мекгрегор, Флојд Мејведер.

„Не го знаев борецот кој се тепаше со Мекгрегор, но знаев дека е непоразен. Потегот на Нурмагодмедов, кој скокна во публиката, е навистина непрофесионален. Без разлика на навредите, ние секогаш мора да останеме професионалци“, кажа Мејведер.