Македонија го добива првиот „вистински“ претставник во УФЦ!

Неодамна Австралиецот со макеоднско потекло Александар Велики Волкановски го победи Чад Мендеш во УФЦ232-серијата, но од денеска Македонија има свој претставник во најпопуларното ултимејт-фајт шоу во кое членови се големите ѕвезди како Хабиб Нурмагомедов, Конор Мекгрегор... Но, Македонија од денеска има свој член во големото друштво во светот на ултимејт-фајтот.

Според угледниот Шердог, УФЦ го потпиша првиот договор со македонски борач во историјата. Ален Амедовски е новиот член на УФЦ; кој досега нема пораз и има скор од 8-0 во Белатор, со два триумфи со нокаут. Овој 30-годишен борец прво го победил Вили Флери на Белатор 203, а потоа и Ибрахим Мане во Белатор 211. За последниот конакут му требало само 12 секунди и тоа пресудило, УФЦ да го ангажира во својата серија.

„Ова е моето патување, знаев дека нема да го завршам својот работен век работејќи во фабрика. Не без задоволен со својот живот. Секој ден кога ќе се разбудам во главата ми се две работи - семејството и ММА. Спиев на под, имав само пет евра за храна, ама јас продолжив да сонувам. Сè вложив во себе, сè жртвував. Секогаш бев оддалечен од мојот син, ос мојата сопруга, знаејќи дека тие моменти не се враќаат. Никој не веруваше во мене, никој освен самиот јас“, напишал Амедовски со потпис УФЦ.

Тој е член на Американ Топ Тим од Рим, каде тренира со славниот Алесио Сакара, а ќе се бори во средна категорија. Засега не е познато кога ќе дебитира во ултимејтфајт спектаклите.