Македонецот Волкановски победи против еден од најдобрите на сите времиња!

Македонецот Александар Волкановски, кој е роден во Австралија имаше фантастична борба во Рио де Жанеиро (Бразил) против еден од најдобрите борци на сите времиња, Хозе Алдо и успеа да го победи со судиска одлука.

Волкановски имаше одлична борба против легендарниот Алдо, но судиите немаа дилема за победникот, па со 30-27, 30-27 и 30-27 победата му беше препишана на Македонецот од Австралија.

Борецот од Австралија со победата против Алдо им се приклучи на Конор Мекгрегор и Макс Холовеј, како единствени кои го победиле Бразилецот.

„Јас сум следен во линјата за титулата, 100%. Јас сум тој кој е непоразен во топ-3 во моментов. Ајде да ја договориме борбата“, порача Волкановски.

Волкановски би требало да добие шанса да се бори за титулата, односно да добие позитивен одговор од Холовеј, кој во моментов е рекордер по број на завршени борбби пред време (13), две повеќе од Хабиб Нурмагомедов.