Македонецот Волкановски ја одбрани титулата против Холовеј! (ВИДЕО)

Австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски се изнамачи против Макс Холовеј на УФЦ 251 настанот организиран на Островот во Абу Даби, но на крајот успеа да го совлада.

На стартот на борбата Холовеј доминираше и успеа да ги добие почетните рунди, но Волкановски не се откажуваше и успеа да одолее на нападите на противникот, по што тргна во акција.

Судиите своите гласови ги дадоа за Волкановски, па така Австралиецот со македонско потеклон си го зачува појасот.