Легендарен УФЦ-борец го прифати предизвикот на Мекгрегор

Конор Мекгрегор загуби од Хабиб Нурмагомедов по одличната борба на УФЦ 229 во Лас Вегас, а Ирецот сега има нов предизвикувач, поточно легендарниот Андерсон Силва.

Да потсетиме, Мекгрегор кажа по поразот од Хабиб дека сака да се бори против Силва, а бразилскиот борец за медиумите кажа дека ја прифаќа неговата понуда.

„Ја прифатив неговата понуда. Мислам дека Дена Вајт мора добро да размисли, зашто станува збор за две легенди“, кажа Силва.

Но, се поставува прашањето во која категорија ќе се борат двајцата натпреварувачи.

„Мислам дека 81,6 кг е во ред. Ова е супер борба, па така не е сè во тежината“, кажа Силва.

Сепак, мора да се очекува и реакција од првиот човек на УФЦ, Вајт, кој ќе каже дали ќе има ваква пресметка во рингот.